Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи, односно Фејсбук, ги коментираше последните обвинувања на партијата ДУИ дека некои македонски партии се антиалбански. И дека тие партии работат на разгорување на меѓуетнички тензии.
– Секогаш кога функционери на ДУИ се фатени во милионски криминал, се закануваат со војна кон Македонците. Сета среќа што на Македонците им е пукнат филмот, па веќе не се плашат од ништо, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
Во друг пост тој иронично пишува дека ако синот на собранискиот спикер Талат Џафери станал обвинител, тогаш можеме да влеземе во ЕУ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





