Темен режим Режим на светлина

Уапсен дилер, кај него пронајдена грутчеста материја, таблети и вага

Полициски службеници во Струмица го лишиле од слобода 42-годишниот М.Т. Во неговиот дом била пронајдена дрога.

– Денеска (23.02.2023) во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага, соопшти МВР.

Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дојавите за поставени бомби станаа секојдневни, од утрово добиени во 14 скопски училишта

Следна објава

Апасиев: Секогаш кога функционери на ДУИ се фатени во криминал, се закануваат со војна