Темен режим Режим на светлина

Дојавите за поставени бомби станаа секојдневни, од утрово добиени во 14 скопски училишта

И денеска во повеќе скопски училишта се добиени електронски пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека од утринава таквите пораки се добиени во 14 училишта во Скопје.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 86 училишта, една градинка и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп. Утврдено е дека сите дојави се лажни. И во изминативе десетина дена секојдневно биле испраќани ваквите закани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Над 300 сообраќајни прекршоци во Скопје, 145 возеле пребрзо, 17 без возачка...

Следна објава

Уапсен дилер, кај него пронајдена грутчеста материја, таблети и вага