Кај Јажинце спречен шверц на лекови од Македонија кон Косово

Спречен е обид за шверцување поголема количина лекови од Македонија кон Косово.

На 26.12.2021, во 19.50 часот, во атарот на селото Јажинце, Тетовско, било забележано лице што носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници.

При преглед на теренот биле пронајдени пакетите, кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестШанса за Центар бара од Општината да ги запре градежните зафати на Водно
Следна вестИ утре облачно и магливо, со повремен дожд