Шанса за Центар бара од Општината да ги запре градежните зафати на Водно

Советничка група на Шанса за Центар бара од Општина Центар и градоначалникот на Центар за стопирање на сите градежни зафати на Водно.

-Бараме итно да се запрат сите градежни активности на Водно. Да се запре со сечење на шумата на Водно. Се води судски спор „Плацови на Водно” , со кој се истражува и преиспитува законитоста па постапките за продажба на земјиштето. Со тоа бараме да не се преземаат никакви активности во подрачјето, сѐ до правосилно завршување на судскиот процес, велат од Шанса за Центар.

Сето ова, како што додаваат, е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето. Научно и со анализи е докажано, напоменуваат од Шанса за Центар, дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот.

На средбата меѓу претставници на општината и жителите на Водно која се одржа во понеделникот, жителите најавиле тужба и дека ќе бараат времена мерка за запирање на градежните зафати. Симптоматично е што само неколку часа подоцна, во раните утрнски часови во вторникот инвеститорот со приватно обезбедување почнува да ја оградува парцелата“, појаснуваат од таму.

 

Претходна вестПет случаи на именувани и избрани функционери кои незаконски имале и други функции
Следна вестКај Јажинце спречен шверц на лекови од Македонија кон Косово