Кампања „Паркирај совесно и одговорно“

Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.).

Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример:

  • зголемен стрес кај возачите,
  • продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација,
  • зголемени трошоци,
  • нарушување на просторот наменет за пешаци,
  • узурпирање на зелени површини,
  • запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,
  • повреди на законските регулативи,
  • можни казни за возачите и сл.

Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува:

  • паркирајте го возилото на места означени за тоа,
  • не користете мобилен телефон додека паркирате,
  • во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците,
  • внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето,
  • не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост,
  • не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање – почитувајте го просторот за секое возило, и др.

 

РСБСП упатува апел: ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО заради унапредување на вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот на патиштата.

Претходна вестЖенската фудбалска репрезентација на Македонија доби нов селектор
Следна вестВремето денес – утрото студено, преку денот сончево