Казнети 117 возачи во Скопје, 13 немале дозвола, петмина поминале на црвено…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имало седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола и три санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОд денеска битолчани имаат бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле
Следна вестСопственичка на погребално претпријатие продавала делови од телата на починатите