Казнети 180 возачи, осуммина поминале на црвено, 14 лица возеле без дозвола…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 14 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 14 мерки за возење без возачка дозвола и oсум санкции за управување под дејство на алкохол.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас, соопштија од МВР.

Од МВР повторно со апел до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат пропишаните правила, со цел поголема безбедност на патиштата.

Претходна вестРеакциите во јавноста го натераа Абази да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители
Следна вестЗагина Македонец на Малта, акција за враќањето на телото во татковината