Загина Македонец на Малта, акција за враќањето на телото во татковината

Младиот Мартин Костов загина во сообраќајна несреќа во Слиема, на Малта. По апелите за помош на семејството, Почесниот конзулат на Малта во Македонија стапи во контакт со роднините на загинатиот и им беше ветено дека конузлатот ќе обезбеди сѐ што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.

Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, дава целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.

Претходна вестКазнети 180 возачи, осуммина поминале на црвено, 14 лица возеле без дозвола…
Следна вестСкопските топлани не смеат да користат дизел гориво, немале дозвола ниту побарале