Казнети 197 возачи, секој четврт возел пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 10 мерки за возење без возачка дозвола и 13 санкции за непрописно престројување на возила.

-Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…, наведуваат од полиција.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестПожарот на мостот „Беласица“ не се спречи, сигурни ли се останатите скопски мостови?
Следна вестСојуз на средношколци: Да се спроведе новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците