Казнети над 230 возачи во Скопје

На територија на град Скопје изречени се вкупно 239 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 113 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се две мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас…

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестПак се разгоре пожарот во скопски Илинден
Следна вестКовачки: Командир во полиција пука со калашников од балкон, личиме на африканска држава