Пак се разгоре пожарот во скопски Илинден

Пожарот кај скопско Ајватовци кој утринава беше локализиран, пак се разгоре поради високите температури и ветерот. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека кракот кај Ајватовци повторно се разгорел, и затоа итно е ангажиран хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Истиот веќе е на терен и започна со гаснење.

– На лице место се пожарникари од ТППЕ Скопје и доброволци од Доброволното друштво од Свети Николе со поддршка од локалното население, додаде Ангелов.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада е готова
Следна вестКазнети над 230 возачи во Скопје