Казнето јавното претпријатие и директорот за горење отпад во депонијата во Росоман

Инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот период и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места.

Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично, 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице. Исто така, издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад.

Претходна вестСДСМ и ДПА меѓусебно ќе се поддржуваат на локалните – некаде во првиот некаде во вториот круг
Следна вестАпелција ги укина пресудите за екс функционерите на ДУИ осудени за уништување на изборен материјал на локалните 2013 година