Казни фрчат за брзо возење, но се чини недоволно се

Пребрзото возење и вчера беше најчест сообраќаен прекршок кој го правеле возачите на скопските сообраќајници. Со брзина поголема од максимално дозволените 50 килиометри на час возеле дури 53 возачи, од вкупно 178 казнети возачи. Ова, како и во минатите контроли, е голем број на прекршители и излегува дека секој трет казнет возач не го почитувал ограничувањето на брзината.

Дали се малку на број овие казни штом секој ден се повторуваат? Можеби пак се мали казните, а исти се „рели“ возачите? Полицијата терба да анализира и да реагира посоодветно – премногу „диво“ се вози во Скопје.

-Изречени се и 5 санкции за возење без возачка дозвола, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, две за минување на црвено светло и 58 за непрописно паркирани возила, инфорамира денеска МВР.

Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестЌе се открие ли кои се десетината насилници кои во Струмица брутално претепаа човек?
Следна вестБраво, талентираниот Алексиј се закити со златен медал на иранската геометриска олимпијада