Браво, талентираниот Алексиј се закити со златен медал на иранската геометриска олимпијада

Со златен медал на престижната Иранска геометријска олимпијада се закитил талентираниот математичар Алексиј Тасиќ од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од скопски Аеродром. Во конкуренција на околу 6.000 натпреварувачи од околу 60 земји од светот тој го освои прво место

-Учествував во елементарно ниво, кое е наменето за учениците од основните училишта. Освоив златен медал, со трета позиција, и се наоѓам меѓу кинескиот и над целиот руски тим. Особено сум горд поради тоа што ги имав сите поени на петтата задача, која само уште еден натпреварувач од цел свет ја реши, вели Алексиј за порталот Деца.мк.

Иранската геометриска олимпијада е меѓународен натпревар на ученици по геометрија. Учесниците се поделени во три категории – основци (7-8 одделение), и две групи на средношколци – 1-2 година и 3-4 година.

Алексиј, инаку, е ученик во деветто одделение, а поддршка кон овој предмет добивал од мајка му Елизабета, која е професор по математика и од наставниците во училиштето.

Претходна вестКазни фрчат за брзо возење, но се чини недоволно се
Следна вестПроф. Панов има прашања за Царовска по повлекувањето на учебникот по географија