Ќе се открие ли кои се десетината насилници кои во Струмица брутално претепаа човек?

Надлежните органи се уште не соопштуваат дали се идентификувани десетината лица кои вчера среде бел брутално претепале човек во Струмица. Снимката за овој тежок инцидент се појави вчера на социјалните мрежи, а на неа се гледа како овие хулигани безмилосно го удираат човекот. Тие прво го бркале по улиците, а потоа со шипки, клоци и боксови го удираат по целото тело додека тој лежи на улицата.  Највонезмирувачкиот дел од снимката е кога еден напаѓач се навраќа до легнатата жртва, му ја крева главата и директно го удира во главата додека беспомошниот маж бара помош и лелека.

Во јавноста со изјава се појави и една девојка која вели дека и таа претходно била нападната од овие лица. Порталот „Струмица денес“ ја пренесе најзината изјава.

-После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови, напиша девојката.

Инаку, дел од медиумите објавија дека наводно еден од телохранителите на премиерот бил вмешан во инцидентот, но посочениот веднаш на Фејсбук ги демантирал гласините.

МВР се уште не се огласи околу овој инцидент.

Претходна вестГермански пратеник поднесе оставка бидејќи за хонорари лобирал за Груевски
Следна вестКазни фрчат за брзо возење, но се чини недоволно се