Ќе чекаат ли надлежните старите дрва да убијат некого за да се реагира?

Силниот ветер пред два дена откорнал десеттина дрва низ главниот град. За среќа нема жртви ниту материјални штети. Брзо потоа Град Скопје објави фотографии од тоа како службите ги собираат дрвата и го чистат просторот во општините Центар, Карпош, Аеродром и Гази Баба.

За среќа куртуливме пред два дена. Но прашањето е зошто и при најмал ветар скопјани би требало да се плашат дека некое дрво ќе им падне врз глава? Зошто не се води сметка за старите дрва и колку тие може да бидат опасни? Надлежните треба да отворат очи, а и скопјани треба самите да пријавуваат.Без разлика што нема штета, зарем никој нема да се замисли или да сноси одговорност што десет стари дрва завршија на асфалт и за цела среќа не повредија некого, односно не предизвикаа материјална штета?

Сите прашања заслужуваат одговор. Најмалку заслужуваат објаснување затоа што има скопски служби кои се финансирани од народни пари.

Дали надлежните ќе се освестат или ќе чекаме од некое старо дрво да се случат жртви за да се реагира?

Претходна вестКога помисливме дека зимата замина – доаѓа снег
Следна вестПрва книжарница на тркала – стартуваше од Скопје, ќе ја има низ цела Македонија