Прва книжарница на тркала – стартуваше од Скопје, ќе ја има низ цела Македонија

Скопје ја доби првата книжарница на тркала. „Антолог“ објави дека од вчера го практикува нивниот нов концепт: подвижна книжарница. Почна од плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува локацијата низ целата држава. На тој начин велат, ќе ги доближат најактуелните наслови и автори дури и на најнеочекуваните места.

– Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“.

Претходна вестЌе чекаат ли надлежните старите дрва да убијат некого за да се реагира?
Следна вестПроменливо облачно со умерен ветер, температура до 11 степени