Темно Режим Светло Режим

Ќе се затворат ли границите кон Србија и Косово?

Одлука за режимот на движење на северната граница на Македонија денеска ќе ја разгледа Комисија за заразни болести. Во опција е ново затворање на границите или пак воведување на посебен режим на преминување на границата кон Србија и Косово. До ова доаѓа по зголемувањето на бројот на новозаболените од корона вирусот во овие две земји заради што македонските власти процениле дека треба да се преиспита режимот на влегување во наша земја.

Според сегашните правила, државјани на овие две земји може да ја преминуваат нашата граница без тестови и без задолжителен карантин од 14 дена.

Во Србија изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи. Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

Advertisement

Српските власти вчера попладне решија да воведат вонредна состојба на подрачјето на Белград. Воведени се три нови мерки – забрана за работа на ноќните клубови и сплавови по 11 часот, казна за неносење маски и забрана за собирање на повеќе од 100 лица во затворено (со растојание помеѓу луѓе од 1,5 метри). Ќе се казнува и неносење на заштитни маски во трговски центри и јавен градски и меѓуградски превоз. Градоначалник на Белград синоќа изјави дека меѓу новозаболените доминираат полесни форми на болеста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Авторите на бајки можат да се пријавуваат на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“ до 17 август

Следниот Пост

Денеска се празнува Свети Наум Охридски, епископ, исцелител и просветител