Кимет Фетаху: Нема никаков проблем, јас како Македонец да бидам претседател на Албанија

Сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател на Република Албанија, изјави професор доктор Кимет Фетаху гостувајќи во емисија на албанската национална телевизија ABC News. Тој зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија, како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Предлогот е доставен до албанскиот парламент, како и до пратеничките групи. Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета завршувана 24 јули а новиот, албанскиот парламент треба да го избере до крајот на месецов. Лидерот на владејачките социјалисти и премиер Еди Рама, упати апел до сите политички субјекти и граѓанскиот сектор да достават предлози.

Во телевизискиот настап Фетаху зборуваше и за своето македонско потекло од село Требиште, област Голо Брдо и положбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.

– Јас сум 40 години професор и сум подготвил една цела армија академски граѓани во Албанија од сите етнички заедници. Продолжувам и понатаму да бидат професор на Факултетот за геологија и рударство, да подготвувам нови генерации. Затоа сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател. Па нели во Македонија потпретседател на Влада е Албанец, изјави Фетаху.

Додаде дека поканата на партијата, во која бил секретар, да биде кандидат за претседател на државата, ја смета за чест и високо вреднување, за што е благодарен.

Според него, претседателската функција треба да им се врати на академиците.

– И претходно имаше претседатели универзитетски професори, како Бамир Топи и Реџеп Мејдани. Мислам дека претседателската функција треба да им се врати на академиците, зашто сметам дека треба да се врати социјалниот мир, како на пример урбаниот развој придружен со соодветна инфраструктура, рече Фетаху.

Од МАЕИ велат дека проф. д-р Кимет Фетаху  е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет, без политички товар и како аполитички кандидат е најсоодветна личност да биде новиот шеф на државата.

Претходна вестСкопјани минуваат улица каде посакаат, возачи не им даваат предност на пешачки….
Следна вестКога МВР ќе ги послуша граѓаните и ќе ги врати полицајците-позорникари насекаде?