Ќе се асфалтираат сите улици во населбата Градинар

Општина Кисела Вода започна со асфалтирање на улиците во населбата Градинар. Прва улица која ќе добие асфалт во оваа населба е улицата 1, каде веќе се започнати градежните работи, а потоа ќе се продолжи на другите.

– Во изминатиот период овде работевме на изградба на фекална канализациона мрежа, па фекалните води сега завршуваат во изведените колектори по булеварот Србија и покрај Усјанскиот канал, а на населението му овозможивме достоинствени услови за живот, какo што треба и мора да биде во 21-от век, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој очекува до крајот на годината да бидат опфатени улиците во Градинар, односно под асфалт ќе бидат 12 000 метри квадратни површина, со што ќе се заврши проектот, кој, според него, требало да биде приоритетен уште пред многу години.

Претходна вестМакедонските ракометни судии Начевски и Николов ќе го судат еден од најинтересните натпревари во ЛШ
Следна вестМлад гостиварец со нож ги повредил мајка си, сестра си и малолетната внука