Млад гостиварец со нож ги повредил мајка си, сестра си и малолетната внука

Дваесет и шестгодишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

– Пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност, велат од МВР.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Претходна вестЌе се асфалтираат сите улици во населбата Градинар
Следна вестЦентарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим