Центарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.11.2023 (петок) во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје. Посебниот сообраќаен режим е поради одржување на два најавени протести.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат протестите.

Претходна вестМлад гостиварец со нож ги повредил мајка си, сестра си и малолетната внука
Следна вестВо декември во Собранието ќе се договара датумот на изборите