Во декември во Собранието ќе се договара датумот на изборите

Во декември на средба во Собранието парламентарните партии ќе носат консензуална конечна одлука кој ден од месец мај ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој одби да потврди дали изборите ќе бидат на 8 мај. Инаку, 8 мај е единствениот термин кога претседателските и парламентарните избори може да се одржат во редовниот термин.

-Се водат разговори со партиите за одржување на изборите и како што реков во мај има доволен простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. За одржувањето на изборите, планирам во текот на наредниот период, бидејќи декември нуди таква можност, да се одржи една средба во Собранието со парламентарните партии на која што ќе можеме да ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите и идната година да одиме на избори, рече Ковачевски.

Тој додаде дека наскоро ќе бидат изгласани и измените на Изборниот законик за препораките од ОБСЕ/ОДИХР.

Ковачевски не прецизира дали со ДУИ на изборите ќе настапат со заеднички листи.

– Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментов за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме, рече премиерот.

Претходна вестЦентарот на Скопје утре со посебен сообраќаен режим
Следна вестГолем успех: Шаќири потврди дека се доставени ракописите за учебниците по историја за петто и шесто одделение