Ќе загубат ли Јордан Мијалков, Тодор Александров, Кензо Танге, Ѓорѓи Колозов… улици во Скопје?

Иницијатива до Град Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба денеска поднесе градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

За иницијативата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страница на фејсбук. Се работи за промена на одлуката којашто во март 2021 година ја донел Советот на Скопје на предлог на поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Според Стефковски, без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици меѓу кои: „Фуштанска“, „Радован Ковачевиќ“, краци од „Благоја Стефковски“, крак од улица „Товарник“ и други улици.

Преименуваните улици во Гази Баба ги добија имињата на: Јордан Мијалков, Тодор Александров, Кензо Танге, Ѓорѓи Колозив, Бошко Станковски, Ванчо Николески, Неџати Зекерија, Кирил Ќортошев, Драгољуб Боцинов, Љубиша Самарџиќ, Костурски херои…

– До мене како градоначалник, изминатиот период пристигнаа голем број на реакции од граѓаните што ги сметам за оправдани, бидејќи без дијалог и согласност од граѓаните не се донесуваат одлуки. Барањата на граѓаните се и мои барања. Некој воден од лични и политички причини во пресрет на тогашните локални избори спровел нетранспарентен процес и затоа барам истиот во целост да биде поништен, напиша Стефковски.

Претходна вестИ официјално, македонскиот репрезентативец Адеми е нов фудбалер на кинескиот Пекинг Гуан
Следна вестЈавниот обвинител Јовески не се сомнева во синот на Џафери и во сопругата на Абази