Кој и зошто го претепа капетанот на пристаништа на Македонија, Устијаноски?

Физички нападнат и претепан од две лица, и тоа во среде центарот на Охрид – ова му се случлило пред два дена на капетанот на пристаништа на Македонија, Горан Устијаноски. Нападот сам го пријавил во полиција, изјавувајќи дека имал повреди на лицето и телото. Но зошто за настанот се дознава дури по два дена, и кои се напаѓачите, како и која е причината – до овој момент е непознато, бидејќи Устијаноски не одговара на повиците на новинарите.

-На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, Г. У. (40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид, соопшти МВР.

Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Кој и зошто го претепа капетанот, за сега е мистерија.

 

Претходна вестУчебната година ќе започна на време, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение
Следна вестТреба само да почекаме: И Фон дер Лајен најави инвестиции од милијарди евра за Западен Балкан