Кој ќе одговара ако почине или се разболи макар едно лице од Ковид-19 заради пописот?

На само неколку дена пред стартот на теренското попишување веќе има заразени попишувачи со ковид 19. Ова го потврди и самиот директор на Државниот завод за статистика, Апостол Симевски, во телевизиско гостување синоќа:

-Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, рече Симевски.

На страна фактот колку се заразени и од каде се заразиле, она што ја загрижува јавноста е дека има вакви случаи. Дилемите на граѓаните се неодговорени, уште стојат, па разбирливо е незадоволството кај луѓето и стравот од пописот:

-Ако има болни 4, ќе има и 8 и 16 наскоро, тоа значи дека во „5 до 12„ не ќе можат да најдат други оти и онака не се пријавуваат, зошто не го одложите пописот како што сите држави веќе направија?
-Кој ќе им отвори врата на попишувачите, и да се здрави, можеби се преносители, не го размисливте тоа?
-Секој обичен човек гледа дека пописот ќе биде неуспешен и нереален: ја гледаме бројката во дијаспората, гледаме во кои земји најмногу се самопопишаа, а сега гледаме и дека половина Македонија нема врата да им отвори! Вразумете се и преземете нешто!
-Кој ќе одговара макар и еден да почине заради ковид 19 заради пописот? … ова се главните дилеми за кои граѓаните не добија гаранции и објаснувања.

Власта се уште има време да реагира соодветно на ситуацијата и да го одложи пописот. Дали размислува во тој правец или и понатаму ќе се заканува со казни и ќе инсистира да се спроведе пописот?

Претходна вестМакедонија ја загуби драмата со Романија во Букурешт
Следна вестСакате ли бесплатно на Кански филмски фестивал 2021? Еве како: