Сакате ли бесплатно на Кански филмски фестивал 2021? Еве како:

Интересерн предизвик за вљубениците во филмот. До 17 мај сите оние кои сакаат да отпатуваат бесплатно на Канскиот филмски фестивал 2021, имаат можност преку прифаќање на т.н. Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) да освојат најмногу поени и да отпатуваат на црвениот тепих.

Што значи предизвикот? Учесниците во период од 10 недели да изгледат 10 европски филмови на репертоарот во киносалите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видеостриминг-платформи. Секој внесен филм на платформата на учесникот во предизвикот му носи различни поени. Своето искуство, учесниците треба да го споделат со фотографија од својот билет или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото, регистрирајќи се на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/.

Исто така треба постојано да се следат социјалните медиуми – Фејсбук и Инстраграм и во неделите кои следуваат да гледаат многу нови и стари европски филмски остварувања, препораки, содржина од зад камерите и игри.

Фотографиите треба да ги споделат на социјалните мрежи под хаштагот #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат потенцијални победници на овој предизвик. На крајот учесникот со најголем број поени ќе добие можност да ја доживее еуфоријата на филмскиот фестивал во Кан. Доколку фестивалот биде откажан поради ситуацијата со КОВИД-19 или ако постојат рестрикции за патување, победникот ќе добие пакет Home cinema experience.

Претходна вестКој ќе одговара ако почине или се разболи макар едно лице од Ковид-19 заради пописот?
Следна вестСончево со малку облаци и слаб северен ветер