Која е тактиката на македонското МНР во неширењето етничка нетрпеливост?

Брза, експресна и категорична осуда на „говорот на омразата“ дојде вчера од македонското Министерството за надворешни работи по исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија. Тоа, како што соопшти МНР, било „говор на омраза“, ширење на „етничка нетрпеливост“, „злоупотреба на настанот“, но двете земји ќе продолжеле да работат на унапредување на меѓусебните односи… Осуда дојде и од бугарското МНР од каде порачаа дека ваквиот „говор на омраза е во спротивност со европските принципи и норми на однесување.

Добро. Осудија нешто што не требаше да се случи и не треба да се случува во иднина. Но, осудуваат ли вака јасно и брзо и други говори на омраза и ширење на етничка нетрпеливост? Само така ќе се стави крај на немилите и недозволивите настани кои ги оптеретуваат односите на двете соседни земји.

Прашањето е до двете министерства. Скоро и да нема ден кога дури и официјални лица од Бугарија ќе искажат негирање на македонскиот идентитет и јазик. Тоа го гледаат двете министерства?

Јавноста не гледа дека на тоа се реагира како сега што се направи. Зошто тоа не го прави барем македонската страна која е е должна да го брани македонскиот идентитет кој некому му стана навика да го порекнува? Тактиката им е со сервилност и анемичност да го спречат натамошно ширење омраза?

И уште едно прашање се наметнува: Дали властите во Скопје и Софија анализираат зошто дојде до тоа да се исвиркува химната од многу луца на стадион? Да не се политичарите виновни со своите потпишани договори, со своите неодсонувани соништа, со своите неодмерени барања и притисоци… кои за мнозинството во Македонија се навреда, понижување…?

Кога на ова политичарите ќе си одговорат искрено и ќе почнат да делуваат посоодветно, многу веројатно е дека и свирежи кон химна ќе нема.

Претходна вестОдобрени 17,7 милиони евра за енергенси за парно греење во Скопје
Следна вестАпасиев ја поднесе Иницијативата за референдум до ДИК: Ако Џафери не спречи, ќе го блокираме Собранието