Колеги се степале во локал

Колеги се степале додека биле на работа во ресторан. Имено ноќеска околу полноќ, жител на Скопје пријавил во полиција дека на работното место во угостителски објект во населбата Аеродром, бил нападнат од негов колега.

– Вчера во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, Д.И.(33) од Скопје пријавил дека околу 00.10 часот на своето работно место во угостителки објект на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Д.П., се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестВојдан Стојановски – најдобар македонски кошаркар за 2022 година
Следна вестПолитички игри во САД: Гувернерот на Тексас ќе ги депортира мигрантите во Вашингтон