Политички игри во САД: Гувернерот на Тексас ќе ги депортира мигрантите во Вашингтон

Гувернерот на Тексас Грег Абот, објави „војна“ на политиката на отворени граници на Бајден. Тој како една од мерките што ги најави е превоз на секој влезен нелегален мигрант во Тексас директно до скалите на Капитол хил во Вашингтон.

– За да им се помогне на локалните власти чии заедници беа преплавени со орди од нелегални мигранти оставени од администрацијата на Бајден, Тексас ќе обезбеди чартер автобуси за се испратат овие нелегални мигранти оставени од администрацијата на Бајден во Вашингтон Д.Ц. Ги испраќаме во главниот град на САД каде администрацијата на Бајден ќе може многу поургентно да ги покрие потребите на луѓето кои ја преминале нашата граница, порачал Абот.

Гувернерот објаснува дека неговиот потег е ист како оној на администрацијата на Бајден која качува луѓе во автобуси и ги истоварува во Сан Антонио. Наводно за целата операција имаат 900 автобуси.

Најавата од Абот доаѓа откако администрацијата на Бајден објави дека ја укинува забраната од времето на пандемијата која предвидуваше експресно враќање од границата на секој бегалец што доаѓа од земја каде е присутна пандемијата. Процената на Абот е дека со укинување на оваа забрана (воведена од Трамп), американската граница секој ден ќе ја минуваат над 18.000 нелегални мигранти, или 500.000 месечно.

 

Претходна вестКолеги се степале во локал
Следна вестБританската полиција предупредува: Тинејџерите имаат таен јазик за дрога