Конечно, „Лајка“ заловува бездомни кучиња на неколку локации во Аеродром

Многу бездомни кучиња се шетаат низ скопски Аеродром. Особено се видливи пред ТЦ „Бисер“, околу паркот кај „Авиончето“, Острово…

Решение за овој проблем се бара со години, ама…

Сега ЈП „Лајка“ извести дека заловувачкиот тим неделава бил на неколку локации во општина Аеродром за спроведување на стратешкото заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман.

Од претпријатието известуваат дека заловувачкиот тим ќе ги посети следниве локации: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected], велат од Лајка.

Да се надеваме дека оваа акција конечно ќе го намали проблемот со бездомните кучиња во Аеродром.

Претходна вестДенес протест во Тетово: Се бара правда околу стравичниот пожар во модуларната болница
Следна вестГерасимовски: Бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите запишани првачиња