Темно Режим Светло Режим

Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека по остварените контакти со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, и во координација со командирите на противпожарните единици од Битола и Кичево, обезбедена е помош за поплавените региони во Општина Кичево.

Од Територијалната противпожарна единица на Битола се испратени четворица пожарникари со едно возило, опремени со три потопни пумпи, една моторна пумпа за испумпување вода, црева, агрегат за струја и дополнителна неопходна опрема.

Коњановски истакна дека Општина Битола стои на располагање за дополнителна поддршка доколку е потребна, изразувајќи надеж дека состојбата во поплавените подрачја во Кичево ќе биде што поскоро нормализирана.

Тој нагласи дека солидарноста и меѓуопштинската соработка се клучни во вакви ситуации, со цел побрзо надминување на последиците од елементарните непогоди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир

ВЛЕН: ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби ако е сериозна за борба против корупцијата

Следниот Пост
Општина Центар казнува паркирање на зелени и јавни површини

Општина Центар казнува за паркирање во јавни и зелени површини