Контролорка на ЈСП нападната со нож во „23-ка“

Жена вработена како контролор во скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) вчера попладне била нападната од патник во автобусот со број 23, кој се сообраќа на релација на релација од Центар до населба Ченто. Во нападот насилникот користел нож.

– На 02.05.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавила дека околу 15.10 часот, додека била на работно место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на линија бр.23 на бул.„Кузман Јосифовски Питу”, патникот С.Б. ѝ се заканил и се обидел да ја нападне со остар предмет, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСекој трети адолесцент е депресивен, повеќе од половина имаат потреба од услуги за ментално здравје
Следна вестВештачката интелегенција успеа да ги чита мислите на луѓето