Костовски до министерката Петровска: Ќе дадеме локација, ако сакате да изградите споменик за хероите од Љуботенски бачила

Бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сѐ уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, за изградба на споменик за паднатите херои од Љуботенски бачила. Ова денес и го порача градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде попуста, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва. И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сѐ уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила. Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои. Слава им!, напиша Костовски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на одбележувањето на 22 години од смртта на армиските бранители кај Карпалак изјави дека ќе побара од Општина Желино дозвола, министерството да постави споменик.

Претходна вестВласта да го одложи наметнатото менување на личните документи
Следна вестЛиковна колонија во Галичник од 12 до 20 август