Власта да го одложи наметнатото менување на личните документи

Разни владини ултиматуми висат над главите на македонските граѓани. Уставот морало да се смени, личните документи морало да се сменат, регистарските таблички морало да бидат со нова налепница…  Што е следната наредба од власта?

Додека министрите да го смислат новиот ултиматум, граѓаните реагираат за досегашните. За оној околу личните документи има големи негодувања. Не се прифаќаат ултимативните датуми, а и зголемените цени за промена на документите.

За потсетување, министерот во МВР – Спасовски пред извесно време соопшти дека за 13 февруари вгодина го определил крајниот рок по кој македонските граѓани нема да можат да излезат од земјава доколку го немаат во пасошот омилениот збор на власта – „северна. Беше укажано дека ќе има и санкции за оние коишто нема да ги променат и останатите документи – лични карти, возачки дозволи…

-Нон-сенс, глупост, е да менуваме валидни документи кои се уште важат, коментира еден граѓанин на Фејсбук-страницата на „Скопско Ехо“.

-Менував документи пред три години и лупнав пари, зошто сега да менувам пак кога имаат важност уште неколку години? Ем да лупнам нови пари, ем да се малтретирам по неорганизираните полициски шалтери, ем да сум понижен со нешто што не сум го прифатил, реагира друг граѓанин.

Граѓаните прашуваат – зошто рокот не се пролонгира?

Рокот за замена на личните документи е ставен во Преспански договор и предвидува во период од пет години, од почеток на важењето на Договорот, да се изврши замена со која на документите ќе го има наметнатото име на нашата држава. Во Договорот, инаку, е предвиден и „политичкиот“ преоден период кој се однесува на сите документи и материјали коишто се за внатрешна употреба и чие издавање ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со ЕУ и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. Но, тоа веќе никој не го споменува… а отворање на поглавја не се на повидок, пореални се нови вета и ултиматуми.

Се поставува и прашањето дали воопшто технички полицијата ќе може да ги изврши промените до 12-ти февруари? Од МВР најавија дека во наредниот период може да се донесе одлука да се работи и во текот на викендите. Сепак дали и тоа ќе биде доволно? На социјалните мрежи има многу реакции за хаосот кој веќе трае околу полициските шалтери каде цели семејства одат и се малтретираат со часови.

Власта мора да се размислува за продолжување на рокот за барем година – две. За тоа време и онака на многу од личните документи ќе им истече рокот, па граѓаните во редовна постапка ќе си ги сменат.

Владата треба да размисли и за цената на промената на документите, превисока е. Не треба да заборават дека само мал број на привилигирани добија покачување на платата од 80 проценти.

Единствено на што власта порано требаше да подразмисли е за понижувањето кое го сервира на граѓаните – други да ни кажат како треба да изгледаат нашите лични документи.

Претходна вестДвајца скопјани нападнале Канаѓани во Скопје
Следна вестКостовски до министерката Петровска: Ќе дадеме локација, ако сакате да изградите споменик за хероите од Љуботенски бачила