Ковачевски го плаши Апасиев или се плаши од него?

Премиерот Ковачевски скоро во секое свое обраќање до јавноста зборува за ЕУ, за НАТО… Во последно време го додаде и лидерот на „Левица“ – Апасиев.

Ковачевски двапати во два дена по средби и на прес-конференции со високи странски државници, зборува за опозиционерот и тоа со недипломатски речник –  тој го означи Апасиев како „Најголема опасност за европскиот пат на Македонија“. И не само тоа туку наведе и дека во заложништво го држи лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Многу размислував и дојдов до заклучок дека вистинската опасност за европскиот пат на нашатат држава доаѓа од една политичка партија, тоа е Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Уште поголема опасност е тоа што тој во заложнишство го зема претседателот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тој е слаб, без став и без визија, рече премиерот Ковачевски.

Завчера, ваквата изјава премиерот ја даде на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, а вчера истоветната изјава јавноста ја слушна по неговата средба со европратеничката Ираче Гарсија Перез.

Зошто беше потребно на прес-конференцијата со странски државници да се откриваат „државни непријатели“? Каква слика остава Ковачевски за Македонија пред странците?

Да, точно е дека премиерите треба да одговараат на новинарски прашања, но дали таков вокабулар кој служи за внатрешни партиски пресметки треба да го служат и пред странски државници?

Штом веќе сака премиерот да одговара на прашања нека каже и ова: Зошто Ковачевски толку му се наврте на лидерот на Левица? Дали со тоа тој го плаши Апасиев или пак се плаши од него? 

Претходна вестРасчистено насилство во Куманово: Приведени девет лица, немало меѓуетничка пресметка
Следна вестСДСМ: Мицкоски признава континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх