Ковачевски летна за Њујорк: Ќе каже во ОН како се унапредува образованието

Службените патувања се дел од тешката работа на македонските функционери. Таква задаша од денеска извршува и премиерот Димитар Ковачевски. Тој неколку дена ќе бииде во ќе учествува на Генералната дебата на 77. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Што таму ќе прави Ковачевски?

Според најавената агенда тој ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете.

Ако реално го презентира македонското образование лошо ќе не престави како држава. Но ако зборува што има намера да направи и како сака да го реформира руинираниот образовен систем во Македонија, тогаш има што да научат светските лидери. Секако, ако воопшто го слушаат.

А сигурно ќе го слушаат сопругата (која како што е соопштено е со него во Њујорк), како и владината делегација во која се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Република Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски, како и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми.

Инаку, за време на посетата на Њујорк, Ковачевски ќе одржи предавање на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде “осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата“.

Ќе има што да каже и за оваа тема.

Претходна вестПоранешен јавен обвинител од Охрид обвинет за несовесно работење
Следна вестКовачки: Еве го документот кога Ковачевски избегнал отслужување на воениот рок како трајно неспособен