Ковачевски уверува: Не функционирам под уцени

Политички уцени, ултиматуми, условувања… Македонија многупати досега била соочена со вакви, недемократски, методи од своето осамостојување како држава. Од многу права, државата и народот, се лишени поради тоа што македонските власти попуштаат на надворешни и внатрешни уцени и условувања. 

Тешко е да се набројат сите удари кои се нанесени на македонскиот народ поради ваквата попусливост на функционерите. Но еве сега има малку надеж дека работите се менуваат. Премиерот Ковачевски денеска кажа дека не прифаќа уцени.

– Не функционирам под уцени, изборите ќе бидат во 2024 година, а прашањето за уставни измени е сериозно и државничко прашање затоа што е заокружување на процесот на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ, рече Ковачевски со што одговори на лидерот на „Беса“ Билал Касами кој деновива изјави дека ја условува поддршката на уставните измени со прифаќање на барањето за распишување на предвремени парламентарни избори.

Дали со нечии условувања се дојде до барањето да се смени уставот, тој не објасни. Ама дополнително беше дециден дека не прифаќа уцени.

– Условување на тие важни одлуки за идните генерации, тоа е кочење на државата. Замислете на следната одлука за ЕУ некој да рече ќе ве поддржиме само ако има предвремени избори во Тетово, објасни Ковачевски.

 

Претходна вестСнежна бура во САД и Канада, 38 лица настрадани
Следна вестЖестоки навреди за Салах затоа што се сликаше пред божиќна елка