Кривата на починати и заразени оди нагоре: 13 починати и 582 нови случаи со коронавирус во 24 часа

Во изминатите 4 часа 13 лица починаа како последица на ковид-19. Од нив најмногу се од Скопје – 6, три лица од Прилеп и по еден смртен случај е пријавен од Штип, Охрид, Крива Паланка и Пробиштип, сите се починати во болнички услови. Најмладиот е на 48-годишна возраст.

Од направените 2.972 тестирања, регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу од Скопје – 274.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418, од кои 3.261 во Скопје.

Претходна вестУтре протест за „Монструм„ – повеќе улици ќе бидат затворени
Следна вестКој ќе го спречи ковид-кластерот во 9-ка,19-ка…?