Темно Режим Светло Режим

Левица: Државната лотарија служи за финансирање партиска пропаганда

Партијата Левица обвини дека Државната лотарија во Скопје под власта на ВМРО-ДПМНЕ месечно исплаќа милионски суми за партиска пропаганда, додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и лоши услуги.

Според партијата, поединци добиваат хонорари од 35.000 до 60.000 денари, односно над 4 милиони месечно се исплаќаат на професори, инфлуенсери, јавни личности, партнери на функционери од власта и други лица.

Во исто време, нема пари за здравство, образование и социјална поддршка, велат од Левица. Од партијата за ова побараа јавно објаснување од директорот на Државната лотарија за ова расфрлање на пари на послушници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ЈСП за жичницата на Водно: По половина час ефективно работење следува пауза, од економски причини

Следниот Пост

Итна седница за судијата Ристов: Ќе се одлучува за одземање имунитет и куќен притвор