Левица: Со уставните измени Бугарија добива правна рамка за уценување на Македонија

Антимакедонската власт на СДС и ДУИ, заедно со нивните западни партнери продолжуваат да го множат македонскиот народ со нула, туркајќи уставни измени за кои против се изјаснуваат над 80% од Македонците и кои ќе доведат од бугаризација на Македонија, велат од политичката партија Левица. Од партијата истакнуваат дека жестоко ќе се спротистават на овој процес.

– Со закана дека добри односи со НАТО и ЕУ Македонија може да има само со Бугари во Уставот и со манипулации дека таквите измени се „технички“, а не суштински, се релативизира уште едно национално предавство!

Левица уште еднаш предупредува на далекусежните правни последици од уставните измени, на кои нашиот источен сосед со иредентистички и асимилаторски намери кон Македонија жестоко инсистира. Ова е од причина што со внесувањето на „самоосвестените“ македонски Бугари во Уставот на Република Македонија, покрај финансирањето на великобугарска пропаганда со народни пари, Бугарија добива и правна рамка за своите понатамошни уцени и барања за законски измени со кои би се спроведувала бугаризација на Македонија.

-измена во Законот за празниците на Република Македонија, со цел прогласување за празник и неработен ден за припадниците на бугарската заедница – 3 март, денот на потпишувањето на Сан Стефанскиот договор, со кој територијата на Македонија требало да припадне на Бугарија;

-обезбедување задолжителни пратенички места за припадниците на заедниците, со што Бугарски националшовинисти по автоматизам би се стекнале со пратенички имунитет и слобода од собраниска говорница да го негираат македонскиот идентитет и да шират бугарска иредентистичка пропаганда во законодавниот дом на Република Македонија;

-зголемување на квотите за вработување во државните институции за припадниците на заедниците, со што изјавувањето на бугарската етничка припадност би било услов за вработување во државни инсититуции и извршување функции, истакнуваат од политичката партија Левица.

Според оваа партија ваквите намери на Бугарија ги обелодениле и бугарските европратеници кои преку амандмани на нацрт извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија,  бараат Европската унија да ја потврди потребата не само од уставни измени, туку и од законски измени за промоција на бугарската заедница во Македонија.

 

Претходна вестГруби: До Антикорупциска не е доставен целиот договор со „Бехтел и Енка“ поради клаузулата за доверливост
Следна вестМлада скопјанка пронајдена почината во нејзиниот дом