Левица: Во дијаспората се попишуваат и лица без македонско државјанство

Легитимноста на пописот е целосно поткопана, во дијаспората се попишуваат и лица кои се откажале од македонското државјанство, соопштија од партијата Левица. Во партиското соопштение се наведува дека за тоа постојат недвослислени докази.

-Ова беше потврдено дури и од Првиот вице-премиер во Владата, Артан Груби, кој кажа дека за да се попишеш „доволно е лицето да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани, или било каков друг документ. За Груби важно било само да има што поголем број Албанци, што ќе придонело за унапредување на правата на Албанците во Македонија, потенцираат од Левица.

Опозициската партија посебно потенцира дека додека владините функционери именувани од страна на СДСМ, на чело со директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), ја убедуваат јавноста дека пописот е „само статистичка операција“, нивните партнери во власта, функционери од редовите на ДУИ со пара-пописна структура агитираат кај албанската дијаспора за масовно попишување.

– Таков е примерот со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот. Од сите овие контакти нема ниту еден од неалбанска заедница, а меѓу нив има и верски организации. Од ДЗС пак молчат за ваквото грубо мешање на партиски структури во операцијата, која ја водат државни институции и досега нема ниту кривични, ниту прекршочни пријави, освен најава за крвична пријава кон нашата партија за повикување на бојкот на пописот – велат од партијата.

Од Левица додаваат дека партиските структури на ДУИ се однесуваат како парарелни институции, туку и поради тоа што тие, тенденциозно и свесно, ја прошируваат палетата на и онака законски манипулативно поставената пописна методологија, сѐ со цел да даде нереални и нелегитимни резултати во однос на етничката структура во државава, односно да се прикаже значително поголем број на Албанци од она што навистина е случај на резиденти во Македонија.

-Очигледно пописот е планирана политичка алатка со која треба да се зацементира трибалистичкиот карактер на политичкиот систем на Македонија, и најпосле да се официјализира и унапреди нејзината федерализација. Потребно е итно да се постигне консензус за откажување на овој попис на неодредено време, сѐ додека не се изготви консензуален Закон во кој ке се утврди методологија и контролни механизми, кои реално ќе покажат каква е состојбата на територијата на Република Македонија, потенцира Левица.

Претходна вестПроменливо облачно со малку сонце и северен ветер
Следна вестЗаев и Мицкоски ќе помуабетат пред камери или ќе се договараат во интерес на Македонија?