Локализиран е иставен под контрола пожарот кој вчера во попладневните часови избувна на падините на Беласица. Огнот гореше веднаш над с. Смолари на тешко достапен терен при што беше зафатена високостеблеста шума.
ТППЕ Струмица веднаш испрати 7 пожарникари-спасители со 2 теренски возила кои работеа цела ноќ на првата линија на пожарот.
Во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање.
Според локалните жители, пожарот избувнал на три различни места и брзо се проширил. Денес се очекува дополнителна помош од вработени од „Национални шуми“, а доколку биде потребно, ќе се испратат и други екипи.