„Македокс“ денеска и утре во Виница и Пекљани

Документарни филмови се на репертоарот на патувачкото кино „МакеДокс“ кое денеска и утре е во Виница и во Пекљани.

За време на фестивалот годинава беа прикажани 70 документарни филмови во пет категории, присуствуваа над 30 гости, а петте жири-комисии, кои беа составени од 15 врвни професионалци од документарниот свет, доделија пет награди и четири специјални признанија.

Овие два дена се последните проекции и крајот на овогодинешниот фестивал.

Претходна вестСкопје: Казнети 118 возачи, 28 за брзо возење
Следна вестМакедонија – Ерменија: Без победник и без постигнат гол