Скопје: Казнети 118 возачи, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, пет за возење без возачка дозвола, една за управување под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, пет за некористиње на сигурносен појас, пет за минување на црвено светло, 4 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 47 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Претходна вестХаос со протоколите во училиштата: Нема изолација само за вакцинираните деца и тие што прележале ковид последните 90 дена?
Следна вест„Македокс“ денеска и утре во Виница и Пекљани