Темен режим Режим на светлина

Македонија нема да молчи на обиди за понижување, вели Муцунски

Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека Македонија треба да го продолжи дијалогот со Бугарија, и покрај актуелните несогласувања и тензии меѓу двете држави.

Тој откри дека побарал билатерална средба со бугарската министерка за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска.

Муцунски нагласи дека Владата ќе продолжи цврсто да ги брани националните интереси и нема да премолчува, како што рече, обиди за понижување на државата, но паралелно ќе работи и на напредокот на земјата кон Европската Унија.

Во однос на критиките од опозицијата, министерот оцени дека нивните ставови во одредени прашања се совпаѓаат со позициите на Софија, додавајќи дека јавноста сама ќе донесе оценка за тоа.

Тој потенцираше дека дијалогот со соседите не претставува попуштање, туку неопходна комуникација меѓу две држави кои имаат заеднички проекти, интереси и предизвици.

Осврнувајќи се на реформските процеси, Муцунски порача дека носењето на европските закони и измените во Изборниот законик се значајни за евроинтеграциите и за обезбедување средства од европските фондови.

Воедно, тој ја повика опозицијата на поголема политичка зрелост и поддршка за реформите поврзани со европскиот пат на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Вработен во МВР приведен по опасно и агресивно однесување во сообраќајот

Сообраќајка на автопатот кон Гевгелија: Судир меѓу полициско возило и камион

Следна објава
Aмериканската амбасадорка Варнс на посета во Прилеп, ја прими градоначалникот Проданоски

Aмериканската амбасадорка Варнс на посета во Прилеп, ја прими градоначалникот Проданоски