Станко Павлески, македонскиот уметник учествува со своја скулптура на изложбата „Арт/Војна/Транзиција“, веќе отворена во Музејот на модерната и современата уметност во Риека – европската престолнина на културата за 2020 година.
Изложбата ќе трае до октомври, а во пповеќе фази ќе бидат изложени делата на голем број хрватски и странски уметници, меѓу кои се и Владо Мартек, Сандра Витаљиќ, Адолф Зика, Младен Стилиновиќ, Ксенија Могин, Игор Рукавина, Сенка Барушка, Предраг Тодоровиќ, групата „Ирвин“, „Лабис“, „Петља“, „Трафик“, „Театар Рубикон“, а ќе бидат претставени и повеќе дизајнери преку плакати, списанија, каталози, книги, фотографии и разни архивски материјали.
Изложбата поаѓа од годините на распадот на СФР Југославија, реферирајќи на 16-то Биенале на младите југословенски уметници и на раните „воени“ изложби.