Mакедонските кошаркари ќе се борат за пласман на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Скопје, ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во февруарскиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

До првиот натпревар со Естонија, (23 февруари), избраниците на селекторот Јончевски ќе ги одработат планираните активности во СРЦ „Кале“.

Јончевски стави 14 кошаркари на конечната листа на кандидати за средбите со Естонија и Полска (26 февруари):
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Андреј Маслинко – Пелистер
Амар Хот – Пелистер
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

Првиот тренинг е закажан за вечер во 18 часот.

Претходна вестКривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз, вели Арсовска
Следна вестСупензија и кривична пријава: Министерот Тошковски со осуда за инцидентот во кој телохранител на Мицкоски нападна колега полицаец , но и повик да не се подлегнува на манипулации и шпекулации