Малку познатата Џејми Герц е најбогатата актерка во светот, нејзиното богатство изнесува 8 милијарди евра

Џејми Герц и официјално е најбогатата актерка во светот. Нејзиното богатство се проценува на околу осум милијарди евра.

Иако нејзиното име не им е познато на многумина, таа играше улоги во филмовите и сериите „Безгранична љубов“, „Крстопат“, „Џерси девојка“, „Твистер“, „Ургентен центар“, „Али Мекбил“, „Модерно семејство“, „Соседи“, „Ова сме ние“ и други. Но сепак најбогата актерка своето богатство не ја стекнала исклучиво преку актерски ангажмани. Таа и нејзиниот сопруг Тони Реслер се косопственици на НБА-тимот „Атланта Хокс“ и малцински сопственици на „Милвоки Биверс“, пишува НМЕ.

Според веб-страницата „Celebrity Net Worth“, богатството на Џејми се проценува на осум милијарди долари. Иако многумина би претпоставиле дека таа се омажила богато, вистината е дека во времето на свадбата таа заработувала повеќе, а тој една година по свадбата, почнал бизнис со своите пријатели, кој со текот на времето прилично му се исплатил.

Како што се наведува, таа ги плаќала сите нивни одмори и го купила нивниот прв дом во Лос Анџелес.

Овој пар е познат и по своите хуманитарни потфати. Во 2012 година фондацијата Giving Beck ги прогласи за донатори број еден меѓу сите јавни личности по рекордните 10 милиони долари од фондацијата Resler-Gerc, која првенствено се фокусира на уметноста, образованието и здравството.

Актерката е и директор на одборот на Melanoma Research Alliance.

Претходна вестДеканката на Филолошкиот факултет Спахо: Македонската заедница во Албанија е драгоцено богатство
Следна вестГасот да се стави во Уставот, па ќе добиеме датум за негово влегување по домовите?